Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешамп, го објави составот за претстојните натпревари против Ирска и Германија. Тој не го повика Пол Погба бидејќи не е во посакуваната форма.
„Погба постепено се опорави и добро е што имаше 20 минути на мечот на Јувентус. Враќањето во репрезентацијата би било избрзано. Му треба уште време“ – изјави Дешамп.
Второто големо име што го нема кај „галските петли“ е Н’Голо Канте кој во летово го напушти Челзи и замина во Ал Итихад во Саудиска Арабија.