Фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Пол Погба и Ромелу Лукаку, биле вмешани во инцидентот во соблекувалната веднаш по победата против Саутемтон во рамките на викенд колото во Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ тогаш победија со пресврт со 3:2 а во финишот на мечот Французинот не реализираше пенал. Токму тој миг бил повод за расправијата со Ромелу Лукаку кој му се налути на Французинот бидејќи не му дозволи да шутира и на некој начин го спречи да постигне евентуално хет-трик.
Според медиумите во Англија, нервозата од теренот се пренела и во подтрибинскиот простор а целата ситуација морал да ја смирил тренерот Солскјер.