29-годишниот француски играч за врска Пол Погба, кој се врати во Јувентус, нема да му помогне на својот клуб во наредните месеци. Ова го објави „Газета дело Спорт“.
Погба на тренинг почувствувал болка во десното колено и бил подложен на лекарски преглед. При прегледот констатирано е кинење на менискусот. Како што се испостави подоцна, на играчот ќе му биде потребна операција, поради што ќе пропушти најмалку два месеци. Така, Пол Погба нема да му помогне на својот тим на првите осум средби на Јувентус во Серија А и на два меча од групната фаза на Лигата на шампионите на УЕФА.
Погба претходно играше за Јувентус. Французинот беше играч на овој клуб од 2012 до 2016 година. За цело време во Јувентус, Погба настапи на 177 натпревари, постигна 34 гола и даде 40 асистенции.

