Играчот од средниот ред на Јувентус, Пол Погба, е вклучен во тимот на Јувентус за денешниот натпревар од Серија А против екипата на Монца.
29-годишниот француски фудбалер оваа сезона нема ниту еден меч за Старата Дама поради повреда на менискусот и операцијата која мораше да ја направи. Погба подоцна се здоби со повреда и на мускулот на бутот.
Сепак, тој очигледно е фит и денеска му се става на располагање на тренерот Алегри.