Првите луѓе на фудбалскиот состав Реал Мадрид најавија дека ќе понудат големи 150 милиони фунти за Пол Погба доколку денеска го комплетираат трансферот на Герет Бејл во редовите на кинескиот Џијанг Сунинг, објавија медиумите во Шпанија.
„Кралевите“ доколку успеат во намерата да го ангажираат играчот на Манчестер Јунајтед, тогаш ќе го соборат клупскиот рекорд кога станува збор за најскапо засилување. Според наведеното, Мино Раиола, кој му е менаџер задолжен за трансфери на Францускиот интернационалец, успеал да ги договори сите услови.
Тоа значи дека набрзо може да се случи долго најавуваниот трансфер на Погба на стадионот – „Сантијаго Бернабе“.