Манчестер Јунајтед му понуди на Пол Погба плата од 400.000 фунти неделно за да го убеди Французинот да остане на „Олд Трафорд“.
Играчот од средниот ред доколку ја прифати понудата ќе стане најплатениот во редовите на „црвените ѓаволи“ пред Давид Де Геа (375.000) и Рафаел Варан (340.000). Во моментов Погба добива 290.000 фунти неделно.
Според одредени шпекулации, Погба има понуда од Пари Сен Жермен според која ќе добие 510.000 фунти (600.000 евра) неделно на „Паркот на принцовите“.