Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, по вчерашниот полу-финален меч со Белгија оодигран во Лигата на нации, се осврна на шпекулациите кои го поврзуваат со Јувентус.
„ Го сакам Торино, зборувам со моите поранешни соиграчи од Јуве, на пример со Дибала“ – вели црномурестиот фудбалер на „Галските петли“.
„Имам договр со Манчестер Јунајтед до јуни во 2022 година а потоа ќе видиме што ќе се случи“ – изјави Погба кој преговара со челниците на „црвените ѓаволи“ за продолжување на соработката.