Пол Погба нема намера да се пресели во Манчестер Сити ова лето и покрај пишувањата на одделни англиски весници. Според новинарот Фабрицио Романо, во моментов францускиот играч од средниот ред не сака да влезе во преговори со Манчестер Сити.
Денеска ќе има средба на раководството на Јувентус со претставници на Погба. Клучна точка за дискусија ќе биде платата на играчот. Беше објавено дека италијанскиот клуб ќе му понуди на Французинот помала плата од онаа која ја ја има во Манчестер Јунајтед.
Со него преговара и ПСЖ. Според информациите, раководството на парижани веќе беше е во директен контакт со агентитео на Погба, но Французинот му дава предност на Јувентус.