Репрезентативецот на Франција, Пол Погба, кој се подготвува со „триколорите“ за настап на фудбалскиот Мундијал во Русија, истакна, дека не знае каде ќе игра во наредната сезона, но дека е сигурен дека тоа нема да биде ПСЖ.
„Јас сум роден тука (Париз), но, моите навиваат за Олимпик Марсеј а не за ПСЖ. Имам договор со Манчестер Јунајтед“ потенцираше играчот на „црвените ѓаволи“.
„Мурињо ме остави на клупата, но, ми ја даваше и капитенската лента и ме храбреше. Јас сум професионалец и ги прифаќам сите одлуки. Реално, немам ниту желба за заминување“ – вели Погба со напомена дека сега се насочува само кон настапот на Мундијалот и дека очекува успех со неговата Франција.