Пол Погба ќе остане на клупата за резервни играчи стартот на продолжувањето на сезоната и дербито против Тотенхем кое се игра в петок.
Французинот не играше за манчестер јунајтед од „Боксинг деј“, но сега е целосно опоравен од проблемите со зглобот што го мачат во текот на целата сезона. Навивачите на „црвените ѓаволи“ со нетрпение чекаат да видат како ќе изгледа тандемот меѓу Погба и Бруно Фернандеш во средниот ред.
Според одредени извори, сепак, тоа нема да се случи од првиот момент на мечот кој се игра во петок, бидејќи Оле Гунар Солскјер ќе смета на варијанта со почетен состав без Погба. Норвежанецот најверојатно ќе смета на Скот Мектоминеј, Немања Матиќ и Фернандеш во средниот ред.
Мечот во петокот е клучен за амбициите на Манчестер Јунајтед во борбата за Топ 4 кој би ги одвел во Лигата на Шампионите бидејчи Челзи е со предност од 3 бода во однос на нив.