Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер, донел одлука дека Пол Погба нема да изведува пенали за „црвените ѓаволи“ откако Французниот во понеделникот не реализираше од белата точка на гостувањето кај Вулверхемптон.
Веднаш по мечот неколку поранешни играчи на екипата од „Олд Трафорд“ излегоа со коментар дека Погба не смее да шутира пенали бидејќи за една година имаше дури четири неуспешни обиди.
Тоа на некој начин влијаело кај норвешкиот стратег да донесе одлука дека Погба нема да шутира пенали и дека таа улога ќе ја има Маркус Рашфорд кој погоди од 11 метри на мечот со Челзи одигран во 1. коло од Премиер-лигата