Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, потврди дека му ја одземал капитенската лента на Пол Погба. Специјалниот по вчерашната елиминацијат од Дерби Каунти во Карабао Купот, изјави дека немал расправија со Французинот.
„Навистина не се случи ништо драматично. Јас одлучив Пол да не биде втор капитен на тимот во продолжението од сезоната. Немаше ништо друго“ – потенцирал португалскиот стратег за – „Скај Спортс“.
Погба во отсуство на Антонио Валенсија беше назначен за втор капитен на тимот на „црвените ѓаволи“, но, сега со последната одлука на Мурињо остана без таа улога.