Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба, објасни како парите можат да имаат штетен ефект откако неговиот повозрасен брат се обиде да изнуди 13 милиони од него по што беше уапсен од полицијата.
„Парите ги менуваат луѓето. Тие можат да уништат семејство. Тие можат да доведат до војна. Понекогаш само би бил сам и би помислил: не сакам повеќе да имам пари. Не сакам повеќе да играм“ – рече Погба.
„ Само сакам да бидам со нормални луѓе, за да ме сакаат каков што сум – не поради слава, не за пари. Понекогаш не е лесно“, изјави играчот од средниот ред на Јувентус.