Sвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба е на чекор до враќање во Јувентус, објавија дел од медиумите во Италија.
27-годишниот фудбалер кој помина четири години кај „Старата дама“ кога на клупата седеше Антонио Конте, сега повторно преговара за трансфер во Торино.
Според наводите, неговиот менаџер задолжен за трансфери, Мино Раиола, се обидува да ги убеди челниците на Манчестер Јунајтед да му дозволат на Погба да се врати во Италија и да го облече дресот на Јуве.