Францускиот фудбалер во редовите на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, се обидува по секоја цена да ги убеди челниците на тимот да му дозволат да си замине бидејќи сака да влезе во нов предизвик.
„Црвените ѓаволи“ набрзо ќе ги започнат летните подготовките а Погба најави дека токму пред официјалниот собир ќе се обиде да го убеди тренерот, Оле Гунарс Солскјер, да му даде зелено светло за да си замине од тимот.
Фудбалерот кој дејствува во средината на теренот во континуитете се поврзуваше со Реал Мадрид, но, „кралевите“, не се подготвени да платат големи 150 милиони евра колку што ја бара Манчестер Јунајтед. Во исто време, генералниот директор на тимот од – „Олд Трафорд“, Ед Вудворд, не сака да се раздели со Погба кој во претходната сезона беше еден од најдобрите на теренот.