Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, ги сподели своите очекувања за продолжување на сезоната, која беше суспендирана поради пандемијата на коронавирус.
„Останете дома, останете безбедни. Продолжете да го поддржувате Манчестер Јунајтед. Се надевам дека се ќе заврши наскоро и ќе се вратиме во фудбалот. Ние сакаме да се вратиме на теренот и да освоиме трофеи“, изјави Пол Погба.
Французинот се потсети и на титулата во Лига Европа, која ја освои со „црвените ѓаволи“ под водство на Жозе Мурињо.
„Бев многу среќен. Ова значеше дека повторно ќе учествуваме во ЛШ. Ова беше нашиот втор трофеј во сезоната, па јас бев среќен. Освојувањето на титули е суштината на Манчестер Јунајтед“, додаде Пол Погба кој како и останатите фудбалери од екипата се подготвува во домашни услови.