Откако фудбалерот, Пол Погба, не успеа да издејствува трансфер и ќе мора да остане во редовите на Манчестер Јунајтед, неговиот брат Матијас, вели дека Французинот сега целото внимание ќе го насочи кон теренот.
„Пол знае дека мора да остане во Јунајтед и затоа максимално ќе се посвети на клубот. Не е лесно, бидејќи има голема одговорност откако неколку добри играчи си заминаа од клубот. На негово ниво остана само уште Де Геа, кој е голман. Тоа значи дека од Пол се очекува најмногу“ – вели Матијас.
Репрезентативецот на „галските петли“ ги одигра сите четири натпревари во новата сезона во Премиер лигата. Досега не постигна гол но, направи две асистенции.