Францускиот фудбалер, Пол Погба, кој ја одработува последната сезона во дресот на Манчестер Јунајтед, се осврна на враќањето на Кристијано Роналдо на стадионот – „Олд Трафорд“.
„Секогаш е задоволство да се игра со најдобрите. Сигурен сум дека со Роналдо нивото на играта ќе биде далеку подобро“ – изјави Погба.
Португалецот кој во текот на летово го напушти Јувентус и се врати во старото јато, треба да дебитира во наредниот викенд на домашен теребн на средбата со Њукасл.