Манчестер Јунајтед вчера славеше против Челзи со убедливи 4-0 на стартот на новата фудбалска сезона во Премиер лигата на Англија а првата ѕвезда на „црвените ѓаволи“, Пол Погба, веднаш по мечот најави дека може да си замине од тимот.
„Знам дека беа кажани одредени работи за мое заминување. Времето ќе покаже. Има голем знак прашалник. Во моментов сум играч на Манчестер јунајтед, се забавувам со соиграчите, секогаш сакам да победувам и секогаш се обидувам да го прикажам најдоброто од себе на теренот““ – вели Погба кој е трансферна цел на Реал Мадрид.
Погба на вчерашниот меч со „сините“ повторно беше во елемент и успеа да направи две асистенции.