Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах е заинтересиран за трансфер во Пари Сен Жермен, објави „Телеграф“.
Претходно беше објавено дека Салах се уште не се согласил да го продолжи договорот со Ливерпул, кој истекува во 2023 година. Така, Ливерпул може да се обиде да го продаде во летниот преоден рок за да не го напушти клубот бесплатно со слободен трансфер.
Салах е во Ливерпул од 2017 година. Неговиот договор со клубот е до 2023 година. Во моментов трансфер вредноста на фудбалерот се проценува на 100 милиони евра. Во актуелната сезона во Премиер лигата, Салах одигра 32 натпревари за Ливерпул, на кои постигна 22 гола и 13 асистенции. На 11 натпревари во Лигата на шампионите постигна и 8 гола.