Левиот бек, Бен Чилвел, стоперот Тијаго Силва и напаѓачот, Каи Хавертц, се наоѓаат на списокот за засилувања на фудбалскиот состав Челзи.
Доколку лондочани успеат да ги ангажираат споменатите играчи, тогаш ќе имаат квалитет да се борат за титулата, потенцира некогашниот член на „сините“, Густаво Поје, кој сега работи на клупата на францускиот тим Бордо.
„Челзи има големи амбиции и затоа треба да купува екстра фудбалери. Мислам дека Лампард е амбициозен тренер кој сака да се радува на трофеи. Тоа не може да го направи само со форсирање на млади играчи“ – потенцира Поје кој од 1997 до 2001 настапуваше за тимот од – „Стемфорд Бриџ“.