Аргентинскиот тренер Маурисио Покетино наскоро ќе потпише тригодишен договор со ПСЖ. Ова го објави новинарот Николо Шира.
Според оваа информација 48-годишниот тренер ќе стане главен тренер на парискиот клуб по заминувањето на Томас Тухел. Договорот со Аргентинецот ќе биде склучен до 2023 година. Тухел беше отпуштен шест месеци пред истекот на неговиот договор. Францускиот клуб му соопшти на тренерот з аотказот по убедливата победа во 17-то коло од Лига 1 против Стразбур (4:0).
Покетино го напушти Тотенхем во ноември 2019 година. Пред Тотенхем, аргентинскиот тренер ги предводеше Саутемптон (2013-2014) и Еспањол (2009-2012).

