Фудбалерите на САД доцна синоќа загубија од Германија со 2:1 во пријателски меч а нивниот селектор, Маурисио Покетино, вели дека е импресиониран од прикажаното.
„Задоволен сум од настапот на сите. Се соочивме со еден од најголемите тимови во светот. Мораме да бидеме задоволни. Се обидовме да бидеме рамноправни но, немавме среќа“ – рече Аргентинецот.
САД на Мундијалот ќе биде во групата „Д“ а првиот меч ќе го одигра против Парагвај на 12 јуни во Лос Анџелес.

