Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино, пред денешниот меч со Арсенал во Премиер-лигата, се осврна на игрите на младиот Николас Џексон.
„Тој е нашиот главен напаѓач, единствениот кој е здрав. Тој игра фантастично. Врши неверојатна работа за тимот: трча, постигнува голови, дава асистенции“ – вели Аргентинецот.
„ Се бори за клубот и соиграчите и создава шанси. Му треба време да се подобри“ – изјави Покетино за 22-годишниот напаѓач кој даде 10 голови.

