Фудбалерот, Михајло Мудрик, не успева да се адаптира на условите во Премиер-лигата, вели менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино.
Украинецот кој беше купен за големи 88.5 милиони евра, нема постигнато гол на 19-ет натпревари во елитата на Англија. Затоа, аргентинскиот стратег, најави, дека ќе обрне внимание на играта на 22-годишниот напаѓач.
„Тој има што да научи бидејќи во Премиер лигата е се многу брзо. Ќе му дадам време да се подобри во сезонава“ – потенцираше тренерот на „сините“.