Тренерот на фудбалерите на ПСЖ, Маурисио Покетино, нагласи дека напаѓачот, Килиан Мбапе, не изразил желба да си замине од – „Паркот на принцовите“ што е сосема спротивно на сите најави дека набрзо ќе потпише за Реал Мадрид.
„Мбапе ми нема кажано дека сака да си оди. Тој тренира одлично и навистина не знам какви му се плановите“ – изјави аргентинскиот стратег.
ПСЖ кој досега забележа три победи во Лига 1, утре во рамките на 4. Коло го очекува мечот со Ремс