Поранешниот менаџер на Тотенхем, Маурисио Покетино нема да ја одбие Барселона по трет пат доколку каталонскиот клуб повторно му предложи на Аргентинецот да ја преземе функцијата главен тренер на клубот, пренесува „Спорт.ес“.
Претходно беше објавено дека Маурисио Покетино двапати одбивал да ја предводи Барселона со цел да работи во Манчестер Јунајтед. Во моментов главен тренер на Барселона е Роналд Куман, кој го презеде каталонскиот клуб ова лето, на местото на Кике Сетиен.
Покетино кој има 48 години го предводеше Тотенхем од 2014 до 2019 година и претходно беше тренер на Саутемптон и Еспањол. Со Тотенхем, аргентинскиот тренер стигна до финалето во Лигата на шампионите и Лигата на англискиот куп.

