Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино, беше задоволен од победата над Кристал Палас со 2:1. Сините го добија лондонското дерби во последните минути со голот на Мадуек од белата точка.
„Создадовме многу шанси и задоволен сум од играта на тимот. Кристофер Нкунку постепено ќе се вклопува и ќе биде се покорисен“, изјави Покетино.
„Премиер лигата е најкомплицираното првенство и ни треба стабилност. Имавме подеми и падови во првата полусезона. Беше тешко, но ние сме позитивни и мора да покажеме дека сме способни за борба“, изјави аргентинскиот стратег.

