Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар не учествуваше на првиот тренинг на Маурисио Покетино на чело на тимот, пренесува РМЦ Спорт. Бразилецот тренираше одвоено од соиграчите, но причината за тоа сè уште нејасна.
Покрај тоа, другите главни имиња во тимот кои не беа дел од главната група на тренингот Кимпембе, Флоренци, Паредес, Бернат, како и Рафиња, ко беа позитивни на коронавирус.
Покетино го презеде тимот на ПСЖ од Томас Тухел, а клубот од Париз е трет на табелата со 35 бода, но се само еден од Лил и Лион, кои имаат 36, а во среда гостуваат кај Сент Етијен во продолжението од сезоната на Лига 1.

