Новиот тренер на фудбалерите на Челзи, Маурисио Покетини, вели дека Рахим Стерлинг кој во претходното лето пристигна како големо засилување, ќе остане во клубот.
„Не е лесно за играч брзо да се адаптира и да игра на исто ниво како во претходните клубови. Тој може да ни помогне во екипата“ – изјави тренерот од Аргентина.
Стерлин по доаѓањето кај „сините“ одигра 28 натпревари со ефект од шест голови и три асистенции.