Маурисио Покетино по импресивната победа против Тотенхем со 2-0, призна дека не е сигурен дали ќе го добие потребното време за да го врати Челзи меѓу претенденти за освојување на Премиер лигата.
„На сите менаџери им треба време да ги преведат своите идеи и нивната филозофија. Треба да имате време. Тоа не е моја одлука. Тешко е да се види дека секоја недела сум под лупа. Но, не е моја одлука да бидам тука или не“ – нагласи менаџерот на „сините“.
„Моето чувство е дека сум горд што сите овие момци, целиот состав што го имаме, 25-27 играчи, секогаш го сакаат најдоброто. Ќе се бориме до последниот ден“ – потенцираше Аргентинецот.