Маурисио Покетино, по се изгледа, ќе го напушти ПСЖ ова лето.
Според новинарот Жулиен Мејнард, во приватните разговори, парискиот тренер не крие дека сака да се врати во Англија.
Договорот на Покетино со ПСЖ е до летото 2023 година, но тој би можел да го напушти клубот на крајот од оваа сезона. Деновиве јавно се зборува дека неговото име е едно до првите на листата на потенцијални нови менаџери на Манчестер Јунајтед.
Покетино го презеде ПСЖ во јануари 2021 година. Под негово водство, тимот минатата сезона загуби од Лил во борбата за шампионската титула, а во полуфиналето беше елиминиран и од Лигата на шампионите од Манчестер Сити, но го освои Купот и Суперкупот на Франција.