Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино, по триумфот против Брајтон во Купот на Англија, се надева дека неговиот тим го направи првиот чекор кон излез од кризата.
„За нас беше значајно да продолжиме напред. Целиот тим настапи одлично. Кол Палмер е многу талентиран играч и беше клуч за нашата победа“ – изјави Покетино и ја прокоментира и повредата на Бен Чилвел.
„Ќе мора да оди на прегледи, мислам дека е проблем во бутот“ – нагласи тренерот на „сините“ од Лондон.
