Менаџерот на фудбалерите на Челзи, Маурисио Покетино, вели дека е презедоволен со вчерашната победа против Манчестер Јунајтед со 4-3 .
Неговиот тим влезе со негатива во судиското продолжение но, успеа да направи голем пресврт и да освои нови бодови во Премиер лигата.
„Среќен сум затоа што мислам дека заслуживме да победиме. Мислам дека беше тешко иако генерално бевме подобриот тим“ – изјави веднаш по мечот Аргентинецот.