Британскиот Телеграф објави дека РБ Лајпциг и Јувентус се заинтересирани за услугите на крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед Џејдон Санчо. Претходно беше објавено дека играчот е блиску до враќање во Борусија Дортмунд.
Да потсетиме, на почетокот на есента, 23-годишниот фудбалер имаше конфликт со главниот тренер на „црвените ѓаволи“, Ерик тен Хаг.
Санчо на социјалните мрежи јавно го обвини својот тренер дека лаже, коментирајќи го неговото отсуство од составот за натпреварот од 4. коло од Премиер лигата со Арсенал (1:3). По ова, Англичанецот доби забрана за тренинзи со главниот тим, а до денес никогаш не се појавил на теренот.
Сезонава Санчо одигра само три натпревари за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања, без да постигне гол. Договорот на играчот со „црвените ѓаволи“ е со важност до крајот на јуни 2026 година. Проценетата цена на фудбалерот, според интернет порталот Трансфермаркт, е 25 милиони евра.

