Поранешниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Погба денеска ќе го финализира своето враќање во Јувентус, објави новинарот Џанлука Ди Марцио.
Единствениот детал што останува да се разјасни е дали договорот на 29-годишниот Французин ќе биде на три или четири години. Се очекува Погба да ги помине медицинските прегледи помеѓу 5 и 8 јули. Тој се раздели со Манчестер Јунајтед на почетокот на јуни.
Минатата сезона Французинот постигна 1 гол и 9 асистенции на 27 натпревари во сите натпреварувања со „црвените ѓаволи“. Англискиот клуб го купи играчот за врска во 2016 година од Јувентус за 105 милиони евра.