Ѕвездата на Манчестер Јунајтед Пол Погба им објавил на своите соиграчи дека сака да оди во Реал Мадрид. Ова го објави францускиот весник „L’Equipe“.
Според изданието, светскиот првак со Франција од Русија е незадоволен од тоа што „црвените ѓаволи” не се способни секоја сезона да обезбедуваат учество во Лигата на шампиони. Од друга страна во моментов с едалеку од можноста да се борат за титлата во Премиер лигата и да се вратат на местото каде што беа кога ги водеше Сер Алекс Фергусон. Ако Манчестер Јунајтед не ја заврши сезоната во Премиер Лигата во Топ 4, Пол Погба ќе го притисне клубот за да го продаде на Реал Мадрид.
Вчера, имаше информација дека од „Олд Трафорд“ се подготвени да се разделат со својот фудбалер за 150 милиони евра. Во оваа сезона, Погба има одиграно 43 натпревари за Манчестер Јунајтед, во кои постигна 16 гола и имаше 11 асистенции.
„Црвените ѓаволи” вечерва го пречекуваат градскиот ривал Манчестер Сити, кој се бори за титулата. Победата може да ги донесе домаќините поблиску до Лигата на шампионите, во спротивни ќе биде тешко да се надевата на пласман меѓу најдобрите 4 екипи во Премиер лигата.