Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба конечно е подготвен да се врати на терените, откако ги пропушти последните три месеци поради повреда на бутот.
Французинот не настапи за својот тим на мечот со Аталанта на 2 ноември, откако заработи повреда за време на ангажманите со репрезентацијата. Сепак, 28-годишниот играч од средниот ред ќе биде во групата на играчи за утрешниот натпревар против Мидлзброу од ФА Купот и можеби ќе започне дури и како стартер.
„Пол Погба ќе биде во групата и можеби ќе започне. Едисон Кавани ќе се врати викендот и ќе добие неколку дена пауза Ерик Баи се врати вчера. Има отечен скочен зглоб, па нема да игра утре. Лук Шоу ќе игра затоа што Алекс Телес одигра 90 минути за Бразил“ изјави Ралф Рангник на денешната прес-конференција.