Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Пол Погба се враќа во Франција, Монако е пред потпис со играчот!
    Фудбал

    Пол Погба се враќа во Франција, Монако е пред потпис со играчот!

    sasoBy saso04/06/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Поранешниот играч од средниот ред на Јувентус и Манчестер Јунајтед, Пол Погба, би можел да ја продолжи кариерата во францускиот клуб Монако, објави денес „Футмеркато“.

    Според истите, Погба му бил понуден на клубот од Кнежевството од страна на менаџерите, а одговорот бил позитивен. Монако активно бара засилувања во средниот ред поради претстојните трансформации на тимот, а Погба со своето искуство би можел да им биде корисен, веруваат на стадионот „Луј Втори“.

    Тој беше активно поврзуван со Олимпик Марсеј, но во моментов разговорите со овој клуб се во застој.

    Погба кој е светски шампион во 2018 година со Франција, беше дисквалификуван поради кршење на антидопинг правилата четири години, но потоа, по жалбата и презентирањето на нови докази, казната беше намалена на 18 месеци.

    Од 10 март 2025 година, играчот од средниот ред е ослободен од казна, откако му истече рокот и веќе бара нов тим.

    32-годишниот играч од средниот ред има 91 настап и 11 голови за француската репрезентација.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.