35-от светски рекет Томи Пол од САД успеа да обезбеди пласман во полуфиналето на Австралија Опен откако утрово го победи својот 20-годишен сонародник Бен Шелтон со резултат 7:6 (6), 6:3, 5:7, 6:4.
25-годишниот Американец за првпат се пласираше во полуфинале на Грен слем турнир и сега го чека подобриот од пресметката меѓу Андреј Рубљев и Новак Ѓоковиќ.