Остануваат уште три дена до првиот натпревар на Англија на СП против селекцијата на Тунис, но медиумите на Островото веќе прогнозираат кои играчи ќе бидат во стартниот состав на Герет Саутгејт за оваа средба.
Очекуваат дека Англија ќе игра во формација 3-5-2. Според Телеграф, селекторот имал три дилеми кои веќе ги решил. Тој повторно ќе игра формација со три централни дефанзивци Хари Магуајер пред неизвесниот Гери Кејхил за првиот натпревар. Неговите партнери во одбраната ќе бидат Џон Стоунс (во средината) и Кајл Вокер (десно). На голот ќе добие шанса Џордан Пикфорд.
Втората дилема за Саутгејт беше дали да смета на Ешли Јанг или Дени Роуз како лев играч од средниот ред. Според Телеграф, против Тунис предност ќе добие 32-годишниот играч на Манчестер Јунајтед, Ешли Јанг. Трипиер ќе дејствува на другата страна на сметка на Александар-Арнолд, кој ќе остане на клупата за резерви.
Селекторот Саутгејт, исто така, имаше дилема и за дефанзивен играч од средниот ред. Како такви, Ерик Даер и Џордан Хендерсон играа на контролните натпревари. Изборот падна на капитенот на Ливерпул Хендерсон. Негови партнери во средниот ред ќе бидат Деле Али и Џеси Линггард. Хари Кејн и Рахим Стирлинг, кој ќе дејствува зад првиот стрелец на Тотенхем, ќе го предводат нападот на Англија