Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, наводно добил полициска заштита поради зголемените тензии меѓу него и дел од навивачките групи на клубот.
Ултрасите од Неапол молчеа при поразот од Милан со 4:0 минатиот викенд во Серија А, протестирајќи поради цените на билетите на стадионот „Диего Армандо Марадона“ и строгото спроведување на безбедносните мерки за транспаренти и знамиња.
Како што пренесува АНСА, Префектурата на Неапол одлучила да му додели полициска заштита на Де Лаурентис поради заканите кој тој ги добива секојдневно.