Италијанската полиција го утврдила идентитетот на фанови на Болоња и Торино кои предизвикале инцидент и искршиле автобус, откако се сретнале случајно на еден паркинг на автопатот А1 во текот на вчерашниот ден.
Околу 100 луѓе беа вклучени во инцидентот кој што се случил во Тоскана. Фановите на Торино го разбиле стаклото на автобус откако фрлале камења кон него. Полициските патроли успеале да ги идентификуваат навивачите на Торино откако го сопреле автобусот кој бил без стакло, а биле запрени на влегување во Рим. Овие на Болоња пак биле запрени во близина на Арецо, а полицијата ги извадила од патувањето навивачите, за да направи препознавање според информациите кои ги имале камерите.
Полицијата презеде и дополнителни мерки и започна темелна проверка на навивачите пред и за време на натпреварите, зголемена беше и бројката вработени на органите на редот, кои се ангажирани на натпреварите.