Двајцата родители на фудбалерот на Ливерпул, Луиз Дијаз, кои денеска беа киднапирани, се ослободени по голема полициска акција во Колумбија.
Според тамошните медиуми, полицијата прво ја ослободила мајката Силенис Маруланда а потоа и таткото Луис. Киднапирањето е извршено во Баранкас, родниот град на Дијаз.
Во акцијата за ослободување на киднапираните биле убиени две лица кои наводно, сакале да изнудат пари од играчот на „црвените“.