Првиот човек на српскиот фудбал, Славиша Кокеза, денеска бил приведен на информативен разговор во полицијата.
Според информациите од соседна Србија, тоа се случило поради обвиненијата од белградскиот угостител, Александар Кајмаковиќ или познат како Аца Босанац. Според медиумите во Србија, Кајмаковиќ на полицијата и посочил за криминални активности во кои наводно бил вмешан актуелниот претседател на Фудбалската федерација кај нашиот северен сосед.
Кокеза пред да дојде на функцијата беше дел од раководните гранитури на фудбалскиос состав, Црвена Ѕвезда.