Фудбалерите и претставниците на Црвена Ѕвезда не добија дозвола да влезат на Косово и да го одиграат денешниот меч со екипата на Трепча.
„Црвено-белите“ во рамките на Купот требаше да му гостуваат на ФК Трепча, тим кој се натпреварува српската лига иако се наоѓаат на косовска територија поточно во Северна Митровица. За целиот настан веднаш се огласи Генералниот директор на белграѓани, Звездан Терзиќ кој со приватен автомобил ја водеше делегацијата до административниот преминот Јариње.
„Имаме забрана за влез на територијата на Косово. Причината не ја знаеме. Забраната ја издала владата на Косово“ – изјави Терзиќ пред новинарите. Делегацијата и навивачите на Црвена Ѕвезда се вратиле во Белград а мечот е одложен.