Фудбалската репрезентација на Полска нема да го одигра баражот против Русија за место на СП во Катар кој е закажан за 24 март во Москва. Одлуката е донесена во знак на протест поради руската инвазија на Украина.
„Поради ескалацијата и насилството на Русија врз Украина, репрезентацијата на Полска нема да игра против Русија. Тоа е единствената правилна одлука“ изјави првиот човек на полската федерација Цезар Кулеза, за што доби поддршка и од прват ѕвезда на Полска, Роберт Левандовски.
-Не можам да замислам да играм против Русите, додека Украина е под напад. Руските фудбалери и навивачи не се одговорни за тоа што се случува, но, не смееме да се правиме дека ништо не се случува“ – напиша Левандовски на социјалните мрежи.