Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик, кој до прекинот на сезоната постигна 5 голови на 16 одиграни мечеви во Серија „А“, остава простор дека може да го напушти тимот.
Бидејќи за корпулентниот голгетер се заинтересирани екипите на Атлетико Мадрид и на Милан, тој не ја отфрла можноста да си замине. 26-годишниот фудбалер кој има договор до летото 2021 година и во моментов не може да преговара за нов поради актуелната состојба со корона-вирусот, не крие дека сака нов предизвик во кариерата.
Токму неговите зборови може да ги натера сопствениците да го продадат. Милик кој во 2016 година го напушти Ајакс и се пресели во Неапол, досега за италијанскиот тим има постигнато 46 голови на 109 натпревари.