Корпулентниот напаѓач на Барселона, Роберт Левандовски, се осврна на ситуацијата со неговиот договор со Каталонците кој ќе истече во наредното лето.
37-годишниот фудбалски ветеран не крие дека размислува дури и за заминување од „Камп Ноу“ откако се појавија шпекулации дека за неговиот потпис се заинтересирани екипи од САД и од Саудиска Арабија.
„Сè уште имам време да донесам одлука. Во моментов не знам каде сакам да играм. Не знам во која насока сакам да одам“ – рече интернационалецот од Полска.

