Британските медиуми денеска објавија дека тренерот на Челзи, Франк Лампард, сака во текот на летото да се ослободи од поголем дел од фудбалерите и да ангажира нови имиња на стадионот – „Стемфорд Бриџ“.
Од претходно се знае дека прв на излезната врата е најскапиот голман на светот, Кепа Арисабалага, кој апсолутно не ги оправда очекувањата. Се претпоставува дека нова средина ќе мора да си побараат и Марко Алонсо, Емерсон и Курт Зума. Списокот најверојатно ќе биде проширен и со Баркли и Жоржињо, Педро и Вилијан.
Неодамна беше потврдено дека Челзи го договори трансферот на брзоногиот Зијах од Ајакс за 40 милиони евра и дека успешно се одвиваат преговорите со играчот на Лестер, Бен Чилвел.